Влахо: Ја респектираме Ренова, но бодовите на Работнички му се многу потребни

Работнички утре ќе ја пречека Ренова во премиерниот меч од деветтото коло во Првата фудбалска лига. По лошиот старт на првенството, тренерот Александар Влахо верува дека Работнички ќе одигра многу поквалитетно против Ренова и очекува триумф. Бодовите, како што вели, му се многу потребни на тимот.

„Имаме лош старт и се трудиме тоа да го исправиме во од. Играме добро, но реализацијата не е на потребното ниво, а тогаш и бодовите изостануваат. Ренова е квалитетен тим составен од искусни прволигашки фудбалери, но ние едноставно мораме да атакуваме на трите бода. Бодовите ни се многу потребни и ќе сториме се за да ги освоиме“, вели шефот на стручниот штаб Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...