Влаховиќ херој на Србија, Албанија се уште го „живее сонот“ за Катар, лесни победи на Англија, Полска, Данска … (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ е херојот на Србија откако беше стрелец на победничкиот гол во тешката победа на гостувањето кај „жилавиот“ Луксембург со 0-1. Клучниот момент на натпреварот се случи во 68. минута кога Влаховиќ на феноменален начин го матираше голманот на Луксембург.

Албанија се уште го „живее сонот“ за пласман на Мундијалот во Катар, откако стигна до голем триумф на гостувањето кај Унгарија од 0-1. Човек на одлука за Албанија беше, Армандо Броја со неговиот гол во 80. минута.

Фаворитите вечерва поминаа без поголеми проблеми откако Англија славеше над Андора со 0-5. Со истиот резултат Полска славеше над Сан Марино, додека Данска беше подобра од Молдавија со 0-4.

 

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022: 

Андора – Англија 0-5

Фарски О. – Австрија 0-2

Луксембург – Србија 0-1

Унгарија – Албанија 0-1

Молдавија – Данска  0-4

Полска – Сан Марино  5-0

Швајцарија – С. Ирска 2-0

Се вчитува...