Влезе навивач и даде гол, судијата го призна (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација се случи на фудбалски меч во Хондурас, на дуелот меѓу Олимпија и Мотагуа, во кој домашниот тим извлече реми на бизарен начин. Мотагуа водеше се до пред самиот крај, а потоа еден навивач стана нестрплив, влета на теренот и шутна кон голот со втора топка, погодувајќи ја мрежата.

Но, речиси во ист момент и фудбалерот на Олимпија, Роџер Рохас, постигна погодок, па иако сите очекуваа поништување на погодокот, сепак, судијата покажа на центарот и го призна голот на Рохас…

Се вчитува...