Баерн Минхен го загуби четвртфиналниот дуел од клупскиот мундијал од ПСЖ, но многу потешко од поразот на баварците им падна тешката повреда на Џамал Мусиала.
Големиот ас настрада при еден дуел со Донарума, здобивајќи се со скршеница на ногата, а во таборот на Баерн не кријат дека се разочарани од стартот на противничкиот голман.
„Кога со своите 100 килограми ќе скокнеш врз ногата на Мусиала додека тој трча, голем е ризикот дека нешто лошо може да се случи. Не верувам дека постоеше било каква намера, но дефинитивно требаше подобро да размисли пред да тргне во тој дуел“, изјави Макс Еберл, спортскиот директор на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА