Во Баерн се убедени: Тухел е новиот „шеф“ во Манчестер Јунајтед

Баерн Минхен не успеа да го убеди Томас Тухел да остане во клубот и наредната сезона, а причината лежи во фактот дека Тухел веќе има постигнато договор со Манчестер Јунајтед за наскоро да потпише со „црвените ѓаволи“ и да пристигне на „Олд Трафорд“ на местото на Ерик тен Хаг. Ова е верувањето на клупските директори на Баерн кои во изминатиот период преговараа со Тухел, за на крајот да капитулираат и потрагата да ја насочат кон Винсен Компани, кој наскоро ќе потпише тригодишен договор со баварскиот гигант.

Тухел во преговорите со Баерн инсистираше да му биде понуден нов договор на три години, а не само да ја доработи последната сезона од актуелниот договор што го има со баварците. Управата не го прифати овој услов, но челниците на Баерн веруваат дека Тухел во текот на целите разговори барал причина да не остане во Минхен.

Тој во изјавите во изминатите месеци не криеше дека сонува да се врати во Премиер-лигата, а кога стана јасно дека Јунајтед ќе го менува Тен Хаг, агентот на Тухел бил еден од првите што биле исконтактирани од новата управа на „црвените ѓаволи“. Се очекува се да биде официјализирано во текот на следната седмица, ако се знае дека денешното финале на ФА Купот и дефинитивно ќе биде последен меч на Тен Хаг на клупата на Јунајтед, а управата настојува што поскоро да го реши тренерското прашање и потоа да се фокусира на засилувања на играчкиот кадар.

Се вчитува...