Во Франција е постигнат „одбојкарски“ гол на ракометен натпревар (ВИДЕО)

Немања Илиќ постигна многу снаодлив гол на натпреварот од француската лига помеѓу Кретеј и Тулуз. Откако ја погоди гредата од линијата од 7 метри, топката се врати на теренот, а потоа дојде до израз одличното чувство за гол на српскиот ракометар.

Противничкиот голман тргна по топката, но Илиќ скокна и во одбојкарски стил ја допре топката сосема доволно за да ја смести во мрежата.

Сепак, иако го постигна најдобриот гол на мечот, Илиќ на крајот не беше премногу среќен бидејќи неговиот Тулуз беше поразен со 25-24.

 

 

Се вчитува...