Во ист ден добри и лоши вести за Барселона (ВИДЕО)

Додека фудбалскиот свет ги очекува и официјалните вести за Кун Агуеро кој вчера заврши во болница, каталонскиот тим на своите социјални медиуми објави една добра и една лоша вест за своите навивачи.

Лошата е тоа што по вчерашниот натпревар покрај Агуеро, Барселона остана и без Џерар Пике кој поради повреда на листот ќе мора да отсуствува неколку дена од тренинзите на тимот, а добрата е враќањето на Усман Дембеле на истите.

Французинот кој се повреди на натпреварот помеѓу Унгарија и Франција на Европското првенство сеуште чека за првиот настап во сезоната, а најверојатно тој ќе биде по репрезентативната пауза.

Се вчитува...