Го имаме ли веќе победникот за наградата „Пушкаш“? (ВИДЕО)

Во јапонското првенство пред два дена беше постигнат гол, кој дефинитивно ќе конкурира за наградата „Ференц Пушкаш“, кој се доделува на играчот кој ќе го постигне најубавиот гол во тековната година.

Фудбалерот на Кашима, Евералдо Штум во 89. минута постигна прекрасен погодок со ножички откосо од десната страна, откако самиот си направи позиција и го совлада голманот на Черезо Осака.

Уживајте во оваа фудбалска велемајсторија…

Се вчитува...