Во Јувентус се бесни: Судијата беше на три метри, а голот го поништи ВАР (Видео)

Во таборот на Јувентус се бесни на арбитражата на судиите во последните десетина минути од големото дерби со Наполи, пред се за поништениот гол на Анхел ди Марија во 82. минута.

Аргентинецот биеше прецизно од контранапад за еуфорија меѓу домашните навивачи на „Алијанц Арена“, но главниот судија по долги консултации и прегледување со ВАР-арбитрите на крајот реши да го поништи голот поради стартот на Милик врз Лоботка на половината на „старата дама“. Интересно е што судијата беше на само три метра од ситуацијата, со одличен преглед на стартот, дозволи играта да дозволи (Милик имаше контакт и со топката и со противничкиот фудбалер), за на крајот сепак да се премисли и да го поништи погодокот на „старата дама“.

Погледнете го голот на Ди Марија што беше поништен со ВАР, на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...