Иако билетите за натпреварот на Македонија со Ерменија од Лигата на нациите беа пуштени во продажба уште пред две недели преку продажната мрежа на МКтикетс, сепак македонските фудбалски вљубеници во трка по билет денеска непосредно пред почетокот на натпреварот на „Филип Втори“.
Вистинска турканица на билетарите на „Филип Втори“ пред почетокот на дуелот за набавување на билетите кои се по цена од 100 денари за Јужната трибина и 150 денари за Северната трибина со вкупен капацитет од 22.000 седишта.
А, преку продажната мрежа на МКТикетс до денеска до 12 часот претходно беа продадени само околу 3.000 билети за дуелот кој стартува од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА