„Во Реал ми беше најлошо, немав свое место во соблекувалната, 90.000 луѓе ме исвиркуваа“

Меѓу оние големи трансфери на Реал Мадрид во последните две децении е и оној на Никола Анелка, кој премина од Арсенал на „Сантијаго Бернабе“ за тогаш високи 35 милиони евра.

Анелка тогаш беше еден од најдобрите млади напаѓачи во Светот, а самиот кажува дека Реал Мадрид му беше најлошата авантура во кариерата. Во Мадрид успеа да остане само една сезона.

„Во Англија навикнав на приватен живот, во Шпанија тоа е поинаку. Фотографите се секогаш покрај вас, и сопствениците на рестораните ги повикуваат новинарите. Цело време си во фокус. Претседателот Санц беше тој кој ме донесе, а не тренерот. Тошак го сменија после два месеци, а потоа дојде Дел Боске. Сакаа да го прашаат претседателот зошто ме донесе, кога тимот го има Мориентес. Беше многу тешко со шпанските играчи“, рече Анелка.

Тој кажа дека немал свое место во соблекувалната…

„Во соблекувалната беше тешко. Немав свое место. Сите играчи влегуваат и ми кажуваат дека седам на нивното место. Морав да чекам некој да ми даде место. Почнав да се прашувам што правам јас тука, а Ето ме советуваше да ги слушам постарите играчи“, рече Анелка.

Французинот подоцна сам ја донесе победата против Баерн, и го донесе Реал во финалето, кој после ја освои титулата.

„За мене ништо не смени таа титула. Пред полуфиналето ми свиреа 90.000 луѓе додека бев на клупата. На полувремето тренерот ми вели да се загревам, јас излегувам, а тие ми свират. За среќа дадов голови со Баерн па работите со навивачите тргнаа на подобро, но тоа не можам да го заборавам“, изјави Анелка.

Се вчитува...