ВО ШТО СЕ ПРЕТВОРА ФУДБАЛОТ!!? Сензор и влакна од косата и пресудија на Хрватска во 103. минута (ВИДЕО)

Поништениот гол на Хрватска на крајот од натпреварот против Португалија е сè уште главна тема меѓу навивачите и фудбалските аналитичари, а во центарот на дискусијата е технологијата вградена во самата топка.

Според информациите што циркулираат по натпреварот, сензорот во топката го регистрирал контактот на Игор Матановиќ со топката, поради што бил активиран офсајдот и поништен голот на Јошко Гвардиола за 2-2 во 103. минута.

Сепак, снимките што се појавија на социјалните мрежи во меѓувреме предизвикаа бројни контроверзии. Многумина тврдат дека Матановиќ воопшто не ја допрел топката, туку дека таа го погодила само португалскиот фудбалер пред да стигне до Марио Пашалиќ, кој потоа му асистираше на Гвардиола за голот.

Во центарот на топката има мал инерцијален сензор кој го регистрира секој контакт со топката дури 500 пати во секунда. Податоците се испраќаат во реално време во ВАР собата, каде што се користат заедно со полуавтоматскиот систем за офсајд при донесување одлуки.

Токму поради ова, можно е да се регистрира дури и екстремно мек допир што телевизиските камери или снимките со забавено движење не можат јасно да го покажат. Од друга страна, ако немало контакт, останува отворено прашањето врз основа на што е донесена одлуката за офсајд?

По сите прозивки во јавноста мораше да се огласи и ФИФА официјално откривајќи дека сензорот реагира на тотално мек допир. Па, кога топката го поминала Матановиќ, сензорот реагирал на благ допир, верувале или не, со косата, па во буквален превод „Португалија се извлече за влакно“.

Од ФИФА тврдат дека технологијата е непогрешлива и дека регистрирала допир што не е видлив на видеото, но мислењето на неутралната светска фудбалска јавнст е дека Хрватска била оштетена за голот што ќе донесеше израмнување и продолженија против Португалија.

Се вчитува...