Во таборот на Лехија оптимисти: Ја почитуваме Академија Пандев, но имаме предност за пласман во следниот круг!

Тренерот на Лехија Гдањск, Томаш Качмарек со максимален респект кон противникот приоѓа на утрешниот реванш натпревар против Академија Пандев во 1. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, и покрај убедливата победа од 4-1 за неговиот тим од Гдањск.

Качмарек нагласува дека Лехија ќе игра максимално и на утрешниот дуел без апсолутно никакви калкулации.

„Ние сме на полovina пат, само еден меч, не очекува реванш, имаме добар резултат од Гдањск, но не беше лесно против Академија Пандев, иако резултатот покажува така. Дојдовме со многу самодоверба , очекуваме пласман во следната рунда, но со полн респект ќе играме кон нашиот утрешен противник. Академија Пандев одигра доста напаѓачки, знаеме дека треба да ги запреме, тие играа тимски, имаа свои шанси, мислам дека се опасни, затоа ќе играме максимално сериозно. За мене во фокус е победа утре, фокус е само утрешниот меч и ќе играме во полн состав, немаме намера да калкулираме“ – истакна Качмарек на денешната прес-конференција во Скопје.

Сосема идентично е размислувањето и на напаѓачот, Марко Терацино.

„Се согласувам со тренерот, имаме добра стартна позиција, имаме добар резултат, и сакаме да одиме во следната рунда, првиот натпревар беше добар за нас, и мислам дека ќе успееме. Најважно за мене е да постигнувам голови, јас сум играч од нападот, но тука сум да одиграм пред се тимски. Во добра форма сме, подобра од лани, и сакаме чекор по чекор да одиме напред, ова е важен натпревар за нас. Времето е топло, но тоа мене ми одговара, сакам топло време“ – истакна Терацино.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Лехија се игра утре на стадионот на ФФМ на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток од 17 часот.

Се вчитува...