ВО ЖИВО: Вардар подобар од Академија Пандев, се зацврсти на врвот

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО….

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

(Аврамовски пен. 40’)

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

(Жеравица 26’)

РЕНОВА – БОРЕЦ 2-1

(Селмани 15’, Гафури пен. 87’ – С. Христов пен.83’)

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

(Божиновски 21’, 61’)

_______________________________________________________________________________

РЕНОВА – БОРЕЦ 2-1

87’: ГООООООЛ за Ренова, 2-1. Арџент Гафури од пенал повторно носи предност за Ренова. Претходно, Мишковски изведе пенал, беше одбранет, а судијата одлучи повторно да се изведе и Гафури постигна гол.

РЕНОВА – БОРЕЦ 1-1

83’: ГОООООООЛ за Борец, 1-1. Симеон Христов од пенал успеа да го израмни резултатот во Тетово. 

77’: Одлична шанса за Силекс, Коцев излезе очи в очи со Шишковски, голманот на Работнички спречи втор гол на кратовци.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

75’: Обид на Давид Тошевски од дваесетина метри, лесен плен за голманот на Силекс.

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

61’: ГОООООООЛ за Македонија ЃП, 0-2. Боби Божиновски го удвојува водството на „лавовите“ во Струга.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

70’: Обид на Илиќ со волеј да го изненади голманот на Силекс, но и овој удар на гостинските фудбалери беше излокиран

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

66’: Петар Петковски нафрли откосо од петнаесетина метри, одбраната на Силекс успеа да ја расчисти опасноста

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

50’: Убава шанса за Љупчо Дориев, но во последен момент неговиот удар беше блокиран.

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

40’: ГООООООЛ за Вардар, 1-0. Даниел Аврамовски од пенал. Претходно, Јованов го фаулираше Реис Жуниор во шеснаесетникот.

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

21’: ГОООООЛ за Македонија ЃП, 0-1. Гол на Македонија ЃП во Струга. Корнер што беше изведен кон работ на шеснаесетникот, првиот шут на гостите заврши во гредата, а одбиената топка „лавовите“ успеаја да ја внесат во мрежата. Стрелец Боби Божиновски.

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

32’: Сашко Пандев беше во шанса, но шутираше над голот.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0

26’: ГОООООЛ за Силекс, 1-0. Еврогол од слободен удар од околу 25 метри, Милош Жеравица со презицен удар со левата нога ја смети топката во горниот агол од голот на Работнички.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-0

25’: Одлична шанса на Силекс, опасен удар од десетина метри откосо, Шишковски со крајни напори исфрли во корнер

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

22’: Али Адем шутираше откосо од десната страна, Чубраковиќ одбрани и исфрли во корнер.

РЕНОВА – БОРЕЦ 1-0

15’: ГОООООЛ за Ренова, 1-0. Ремзифаик Селмани нови водство за Ренова против Борец.

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

17’: Измина една третина од првиот дел, без посебни возбудувања на арената „Тодор Проески“

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-0

4’: Силекс бара пенал поради наводно играње со рака на еден гостински дефанзивец, судијата покажува играта да продолжи.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-0

2’: Прва шанса за Работнички, слбооден удар од дваесетина метри, но обидот на Херера заврши само во живиот ѕид.

 

___________________________________________________________________________

 

 

Се вчитува...