„Воините“ ќе прокоцкаа +27, триумф на Сан Антонио и Оклахома

Одлична кошаркарска претстава понудија синоќа Голден стејт и Торонто во НБА лигата. До триумфот стигнаа Кари и компанија со 127-125.

„Воините“ имаа голема предност по првото полувреме, но се распаднаа во вториот дел па Торонто тотално ја анулираше предност. Но, на крајот не успеа и за комплетен пресврт.

Клеј Томпсон постигна 26 поени во победничкиот тим, додека Стеф Кари дополни со 24 поени, како и Кевин Дурант. Кај Торонто се издвои ДеМар ДеРозан со 42 постигнати поени.

Сан Антонио славеше против Денвер со 112-80. Леонард за 29 минути на паркетот постигна 19 поени, а на спротивната страна Никола Јокиќ постигна 23 поени, дополнети и со 9 скока и 7 асистенции.

Оклахома дојде до победа на гостувањето против Шарлот од 91-101. Гостите подобро го почнаа мечот, имаа предност но во вториот период Хорнетси беа подобри.

Оклахома победата ја обезбеди во последниот период кој комплетно им припадна на Вестбрук и друштвото. Расел Вестбрук запиша „дабл-дабл“ од 25 поени и 10 скока, а имаше и 7 асистенции. Кај Шарлот најдобар беше Кемба Вокер со 19 поени.

Во останатите два меча од вечерта, Вашингтон го победи Бруклин со 119-113 а Чикаго беше подобар од Детроит со 107-105.

Се вчитува...