Војната продолжува – Реми на „Етихад“ Сити останува со бод пред Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер сити и Ливерпул одиграа без победник 2-2 во дерби натпреварот од 32. коло во англиската Премиер-лига. Мечот на крајот не донесе никакви проблеми на табелата и во последните шест кола „граѓаните“ ќе влезат со бод предност пред големиот ривал.

Домаќините брзо го отворија резултатот со голот на Кевин де Брујне во петтата минута. На 1-1 израмни Диого Жота во 13. минута. До крајот на првиот дел Габриел Жезус повторно ги донесе домашните во водство (2-1) со голот во 36. минута.

На стартот на вториот дел Садио Мане израмни на 2-2 во 47. минута. До крајот, Рахим Стерлинг постигна гол во 63. минута кој иако прво беше признаен по консултација со ВАР беше поништен иако веројатно милиметри беа во прашање за оваа одлука. Тијаго Алкантара кој беше пожолтен иако имаше уште неколку опасни стартови, сепак до крајот не беше исклучен што донесе незадоволство на клупата на „граѓаните“.

 

 

 

 

Се вчитува...