Војводина го освои Купот на Србија, Партизан остана со празни раце

Фудбалерите на Војводина го освоија Купот на Србија, откако во финалето на стадионот „Чаир“ во Ниш го совладаа Партизан по подобро изведување пенали со 4-2. По регуларниот дел дуелот заврши 2-2, а Партизан се спаси од пораз со спектакуларен гол со ножички што го постигна Страхиња Павловиќ во шестата минута од судиското продолжение.

 Вукадиновиќ и Бојиќ и донесоа на Војводина водство од 2-0, но Партизан се созеде во финишот и израмни со головите на Стевановиќ и на Павловиќ. Сепак, по изведувањето на пеналите, фудбалерите на Војводина успеаја да стигнат до трофејот.

Партизан остана со празни раце оваа сезона во Србија, со оглед дека големиот ривал Црвена Звезда го освои шампионскиот пехар во првенството.

Се вчитува...