„Волчицата“ го гризна Кротоне

Рома стигна до 17.победа во Серија А оваа сезона откако славеше на гостувањето против Кротоне со 0-2. Фудбалерите на „волчицата“ покажаа дека се многу поквалитетен ривал и заслужено ги освоија трите бода, доближувајќи се на четири бода негатива во однос на лидерот Јувентус, кој вечерва му гостува на Калјари.

Един Џеко не успеа да реализира пенал во воведниот дел од натпреварот, но Наинголан донесе водство за Рома пред крајот на првото полувреме.

Во вториот дел Џеко сепак успеа да се запише во листата на стрелците, поставувајќи го конечниот епилог, 0-2.

Се вчитува...