„Волците“ го гризнаа Сити, победи за Арсенал и за Челси

Актуелниот првак Манчестер Сити го доживеа вториот пораз во Премиер – лигата оваа сезона, откако загуби на домашен терен од Вулверхемптон со 0-2. Тоа е голем удар за „граѓаните“ кои сега заостануваат огромни осум бода зад првопласираниот тим на Ливерпул. Избраниците на Пеп Гвардиола не најдоа начин како да пробијат бедемот на „волците“, а Адама Траоре успеа да го совлада Едерсон во 80.минута од средбата. Во судиското продолжение Вулверхемптон постигна и втор погодок преку Траоре за потврда на успехот.

Арсенал славеше против Борнмут со 1-0, а стрелец на победничкиот гол беше дефанзивецот Давид Луиз во деветтата минута. Челси беше убедлив на гости против Саутемптон и победи со 1-4.

Абрахам и Маунт го доведоа Челси во водство од 0-2, намали Дени Ингс, но Нголо Канте повторно го одлепи на два гола предност пред полувремето. Во вториот дел, и Мичи Батшуаи се запиша меѓу стрелците во финишот од дуелот.

Се вчитува...