Вулверхемптон се врати на победнички патеки во Премиер-лигата откако вечерва рутински славеше над Кристал Палас со 2-0. Домаќините целата работа ја завршија уште во првите триесетина минути, кога ги постигнаа двата гола по кои гостите немаа никакви шанси за камбек.
Резултатот го отвори Нури, младиот лев бек на „волците“ кој дебитираше со гол за овој клуб во Премиер-лигата откако со прецизен удар од петнаесетина метри го матираше гостинскиот голман. Тој погодок има даде дополнителна сила на домаќините, кои набрзина поведоа со 2-0 преку Поденс, по одличното додавање на Нето.
Гостите го завршија овој натпревар со играч помалку откако во самиот финиш црвен картон заработи Миливојевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА