Воодушевување во Германија: Јирген Клоп прифати да биде нов селектор!

Јулијан Нагелсман од денеска не е селектор на Германија, а на негово место доаѓа добропознатиот Јирген Клоп. Екс менаџерот на Ливерпул и на Борусија Дортмунд на општо задоволство на фановите на германската репрезентација, ќе седне на клупата на Бундестимот.

Деталите околу договорот треба да бидат соопштени наскоро, но се претпоставува дека на Клоп ќе му биде овозможено да ја води Германија во следните четири години, односно најпрво на ЕП 2028, а потоа и на СП 2030 година.

Германија доживеа уште еден неуспех на Светските првенства. Откако го освои трофејот во 2014 година, селекцијата нема победа во нокаут фаза, а пред неколку дена доживеа елиминација од Парагвај во 1/16 финалето по изведување на пенали. Многумина сметаа дека Нагелсман не е виситнскиот човек за селектор, а сега Клоп ќе има тешка задача да ја врати селекцијата на врвот на светскиот и европскиот фудбал.

Се вчитува...