Вооружени полициски сили на стадионите во Белград: Апсења и претрес на просториите на Партизан и Ц. Звезда

Српската полиција изминатава ноќ ги блокираше стадионите на Црвена Звезда и Партизан. Полицијата не дозволува влез на стадионите, а поради претрес на службените простории откажани се тренинзите во сите категории.

Акцијата е организирана како би се уапсиле припадници на организирани криминални групи кои се кријат зад навивачките групи. Посебно тоа се однесува на навивачите на Партиза. Уапсени се водачите на „Гробари“, Вељко Беливук и Марко Миљковиќ – Маре.

Се врши претрес на просториите на навивачите на Партизан кои се на јужната трибина на стадионот во Хумска, а силни полициски сили се и на западната трибина. Од полицијата најавуваат и нови апсења во текот на денов.

Се вчитува...