Воска ја победи и прилепска Победа, реми на Гостивар со Викторија Берлин

Воска Спорт продолжува со одличните игри низ подготвителниот период, славејќи и на пријателскиот натпревар со прилепска Победа кој денеска се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Воска триумфираше со 1-0, а единствениот и победоносен гол на овој натпревар го постигна Михајло Јакимоски во 82. минута.

Гостивар, пак, на подготовките во Анталија ремизираше (1-1) со младинскиот тим на Викторија Берлин. Стрелец на единствениот гол за гостиварци беше Филип Петковски во последните минути од средбата.

Се вчитува...