Вотфорд се врати во Премиер-лигата! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вотфорд по само една сезона се вратија во Премиер-лигата, откако на две кола до крајот со триумфот над Милвол успеаја да го обезбедат второто место на табелата во Чемпионшип.

Голот за победа од 1-0 го постигна Ишмаила Сар од пенал во 11. минута. Претходно промоција во елитното натпреварување обезбеди и Норич, а последниот патник во Премиер-лигата ќе биде познат по плеј-офот во кој ќе играат тимовите од 3. до 6. место.

 

Се вчитува...