Екипата на Ле Авр во последните секунди победи над Стразбур со 2-3, и обезбеди опстанок во Лига 1. Во баражот ќе игра екипата на Ремс, додека Сен Етјен и Монпеље испаднаа од лигата.
Ле Авр имаше 2-2 против Стразбур и требаше да игра во бараж, додека Стразбург беше со обезбедено учество во Лигата на Конференции, меѓутоа во последните секунди гостите дадоа гол на голема радост на навивачите. Туре од пенал и тоа со паненка го донесе опстанокот.
Ница успеа да победи со 6-0 над Брест, и така да обезбеди пласман во квалификациите за ЛШ, додека без европска „елита“ остана Лил, овогодинешниот 1/8 финалист во најелитното европско натпреварување. Лил ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа.
ПСЖ одамна е веќе првак, додека Марсеј и Монако обезбедија учество во групната фаза во ЛШ. Екипата на Лион обезбеди учество во Лигата на конференции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА