Возиња: Не ми треба слава, си го сакам стариот живот

Голманот Возиња имаше извонреден настап за Зеленортските острови на СП 2026 со што се најде на насловните страници на бројни медиуми ширум светот.

Фактот дека на 40 години конечно успеа да стигне до слава во светот на фудбалот воопшто не го импресионира, напротив, му пречи на одличниот чувар на мрежата кој отворено проговори за проблемите за кои никогаш не верувал дека ќе ги има во животот.

„Си ги загубив мирот и тишината, веќе немам никаква приватност. Одам во ресторан и секогаш се наоѓа некој што ќе сака да се слика со мене. Или уште полошо, да ме снима од далечина. Не можам да направам ништо во врска со тоа, искрено не ми треба ништо поврзано со славата. Би дал се за повторно да го имам стариот живот“, изјави Возиња, кој летово се пресели во редовите на чилеанскиот гигант Коло Коло.

Се вчитува...