Вознемирувачко видео: Страшна повреда на Рајан Шоукрос

Стоук и Лестер ги одмерија силите попладнево во пријателски натпревар, но за жал убавите фудбалски моменти останаа во сенка на страшната повреда што ја заработи Рајан Шоукрос.

Дефанзивецот на Стоук тргна да одземе една топка крај гол-аут линијата, но притоа заработи сериозна скршеница во пределот на скочниот зглоб. Веднаш стана јасно дека повредата е крајно сериозна, Шокрос на носилки беше изнесен од теренот, по што сега го очекува долга пауза од терените.

Се вчитува...