ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: За малку беше избегната голема трагедија на „Тур де франс“

Сеп Кус беше лидер на финишот на „кралската“ 20-та етапа од Тур д’Франс денес на врвовите на Алпите, на еден од ретките спуштања „стисна“ на педалата додека бегаше од Ричард Карапаз и… речиси заврши во клисурата во подножјето на Алп д’Уиз.

Возејќи пребрзо во десна кривина, Американецот ја изгуби контролата и удри во заштитниот ѕид помеѓу патот и стрмната карпа. За среќа, успеа да застане без да падне во безбедносната мрежа, па беше во позиција да продолжи.

Целиот инцидент се случи на еден или два метри од крајот на безбедносната мрежа, по што немаше ништо да го задржи.

Се вчитува...