Вознијацки експресно во четвртфинале, Суарез Наваро ја прекина естонската бајка

Каролина Вознијацки без поголеми проблеми се избори за четвртфинале на Австралија опен. Во осминафиналната пресметка со 6-3,6-0 славеше против Магдалена Рибарикова.

Данската тенисерка, која е втора тенисерка во светот, во борбата за полуфинале сега ќе се соочи со Карла Суарез Наваро која ја прекина естонската бајка во Мелбурн на Анет Контавеит.

Суарез Наваро славеше против Естонката Контавеит во три сета со, 6-4,4-6,8-6. Шпанката на тој начин се избори по третпат во својата кариера да биде меѓу осумте најдобри во Мелбурн.

Во следната рунда место обезбеди и Белгијката Мертенс која беше подобра од Мартиќ од Хрватска победувајќи со 7-6(5),7-5.

Се вчитува...