„Врач“ од Гана фрла клетви над Хари Кејн

Ганскиот исцелител Нана Кваку Бонсам објави дека ќе стави проклетство врз капитенот на Англија, Хари Кејн, пред клучниот натпревар на Светското првенство во вторник.

Англија се надева дека ќе обезбеди место во нокаут фазата со победа против Гана, но Бонсам тврди дека ќе ги искористи своите моќи за да го запре Кејн, кој постигна два гола во победата против Хрватска, пишува Дејли Меил.

Бонсам, кој веќе ја презеде одговорноста за повредата на коленото на Кристијано Роналдо на Светското првенство во 2014 година сега има нова шокатна изјава.

„Работам на Хари Кејн. Веќе покажав што можам да направам, па знам што треба да направам за да го сопрам. Познат сум по моите предвидувања. Не сакам да му предизвикам сериозна повреда. Само да го сопрам против мојата земја ќе биде доволно. Ќе ја завршам мојата работа за да и помогнам на Гана“, додаде тој.

Кејн, кој е на еден гол од соборување на рекордот на Гари Линекер за голови на Англија на Светското првенство, се соочува со проклетство пред важен натпревар.

Бонсам тврди дека неговите моќи доаѓаат од светилиштето на Кофи Оо Кофи и се нарекува себеси „единствениот автентичен човек во Африка“. Зборувајќи во 2014 година, кога Роналдо го пропушти натпреварот на Португалија против Гана, Бонсам рече:

„Знам за што се работи со повредата на Кристијано Роналдо, бидејќи „работам“ на него. Многу сум сериозен во врска со тоа. „Пред четири месеци реков дека ќе „работам“ на Кристијано Роналдо и ќе го исклучам од Светското првенство или барем ќе го спречам да игра против Гана, а најдоброто што можам да направам е да го држам надвор од игра поради повреда“, изјави тогаш Бонсам. 

Тој исто така објасни зошто лекарите не можат ништо да направат, зошто им се врзани рацете…

„Оваа повреда ниту еден лекар не може да ја излечи бидејќи никогаш не можат да видат што ја предизвикало. Таа е духовна по природа. Денес е колено, утре бут, следниот ден нешто друго“, заклучи Нана Кваку Бонсам.

Се вчитува...