Враќање на Харден, нов пораз на Бостон, Кливленд се „коцкаше“ но победи… (видео)

Кошаркарите на Бостон го доживеаја и вториот едноподруго домашен пораз. Овој пат загубија од Филаделфија со 80-89.

Во победничкиот тим најмногу се истакна Џоел Ембид со 26 поени, 16 скока и 6 асистенции, а добра партија пружија и Шариќ со 16 поени и МекКонел со 15 поени.

Бостон беше хендикепиран играјќи без Ирвинг, па во тимот се издвоија Хорфорд и Морис со по 14 поени.

И покрај поразот Бостон останува на првото место во Источната конференција со 34 победи и 12 порази, додека Филаделфија е осма со 21 победа и 20 порази.

Хјустон, пак, славеше со 116-98, предводен од расположениот Ерик Гордон кој постигна 30 поени, а го следеа Капела со 20 поени и Крис Пол со 19 поени и 9 асистенции.

Мечот го одбележа и враќањето на Џејмс Харден кој се врати на паркетот по седум пропуштени меча поради повредата на задната ложа. „Брадата“ за 26 минути постигна 10 поени, дополнети со 7 асистенции и два скока.

Хјустон е втор на Западот, со 31 победа и 12 порази, додека Минесота е на четвртата позиција со 29 победи и 18 порази.

Кошаркарите на Кливленд во интересен меч славеа против Орландо со 104-103. Ајзеа Томас ја донесе победата на Кливленд откако на 11 секунди пред крајот ги погоди двете слободни фрлања, за да потоа Орландо не успее да го реализира последниот напад.

Најефикасен во победничкиот тим беше Томас со 21 поен, Леброн Џејмс постигна 16 поени и Лав заврши со 12 поени. Орландо со 19 постигнати поени го предводеше Пејтон, додека Гордон и Фурние запишаа по 17 поени.

Се вчитува...