Португалија со 1:0 славеше против Велс на стартот од новото издание во Лигата на нации со голот на Жоао Феликс, но повторно во фокусот се најде 41-годишниот Кристијано Роналдо.
Роналдо во 49-та минута имаше шанса да го постигне 980-от гол во кариерата, но промаши тоа што тешко се промашуваше.
Имено, од десната страна доби одлична топка на пет метри од голот на Велс, но наместо во мрежата, топката заврши над голот.
🚨 RONALDO HUGE MISS 😱
Cristiano Ronaldo somehow misses from point-blank range for Portugal against Wales 😭 pic.twitter.com/kKYM6O0J3V
— Football on Predict (@FConPredict) September 24, 2026
По нереализираната шанса и самиот Роналдо беше свесен за големото промашување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
