Врховниот суд на Хрватска донесе одлука: Тренерот на Адеми и Ристовски ќе мора да оди во затвор!

Зоран Мамиќ, тренерот на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои играат во Динамо Загреб, ќе мора да оди во затвор, заедно со својот брат, а тие двајца ќе бидат во „пакет“ со долгогодишниот директор на „модрите“, Давор Врбановиќ, вака пресуди Врховниот суд во Хрватска.

Здравко Мамиќ е осуден на шест ипол години затвор, Зоран доби четири години и осум месеци, додека Врбановиќ е осуден на три години затвор. Браќата Мамиќ, заедно со Врбановиќ веќе беа осудени на затвор, но првостепената пресуда не беше правосилна, иако пред да биде изречена, Здравко избега во БиХ пред скоро три години, а за разлика од него, Зоран остана во Динамо каде беше спортски директор.

Врховниот суд ги обвини за перење пари, нелегелно извлекување на пари од трансфери, затајување на данок во период кога Динамо почна да заработува сериозни пари од трансфери од почетокот на новиот милениум, а меѓу спорните трансфери е и тој на хрватската ѕвезда Лука Модриќ од Динамо во лондонски Тотенхем.

Се вчитува...