Турските фудбалски фанови се бесни откако нивната национална селекција одигра уште еден катастрофален меч, губејќи со 1-4 од селекцијата на Италија во Бурса.
Во некои други времиња овој резултат немаше да биде толкаво фијаско, но Италија одамна не е така моќна за да даде четири гола на гостински терен, а фактот дека тоа го стори токму против Турција ги прави уште побесни фановите.
Се бара одговорност и оставки, пред се од селекторот Винченцо Монтела. Италијанецот некако го преживеа мундијалскиот неуспех, но се чини токму дуелот со неговата татковина ќе му пресуди Монтела да добие отказ.
Фановите се бесни и на претседателот на федерацијата, Ибрахим Хаџиосманоглу, кој според нив е меѓу главните виновници за актуелната состојба во турскиот фудбал. Тој беше присутен на стадионот во Бурса, а откако дел од фановите се свртеа против него на полувремето си замина и повеќе не се враќаше.
Едно е сигурно, Монтела ќе го доврши овој прозорец, но се чини дека отказот за Италијанецот е веќе подготвен. А што се однесува до промените во федерацијата, тоа ќе оди многу потешко…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
