„Врие“ во Ливерпул: Мане не сакаше ниту да се поздрави со Клоп (видео)

Ливерпул влезе во серија добри резултати и се врати во игра за пласман во ЛШ за наредната сезона, но во играчкиот кадар на „црвените“ не се најзадоволни од улогата што ја добиваат во тимот.

Последен пример беше однесувањето на Садио Мане по големиот триумф над Манчестер Јунајтед, кога Сенегалецот одби да се поздрави со менаџерот Јирген Клоп по завршниот свиреж на судијата. Клоп вообичаено тргна кон центарот за поздрав со сите свои, но и со противничките фудбалери, но остана изненаден кога Мане го одмина без да му подаде рака.

Причина – офанзивецот го почна мечот на клупата за резерви, но односот на Мане е разочарувачки ако се знае дека тројцата фудбалери кои го стартуваа дербито, Фирмино, Салах и Жота, постигнаа четири гола и беа најзаслужни за големиот триумф.

Се вчитува...