Втор едноподруго пораз на Бостон, Кливленд се мачеше но победи, Порзингис со 0/11

Кошаркарите на Њујорк славеа во својот „Медисон сквер гарден“ против Бостон со 102-93 нанесувајќи и го на тој начин вториот едноподруго пораз на првопласираната екипа на Истокот.

Најдобар играч на мечот беше Мајкл Бисли со 32 поени и 12 скока, Кентер имаше 14 поени. Њујорк победи и покрај тоа што Порзингис го одигра веројатно најлошиот шутерски натпревар во кариерата. Летонецот на теренот мина 23 минути, а мечот го заврши без ниту еден поен од игра (0/11) и само едно погодено слободно фрлање (1/2).

Во редовите на Бостон далеку најдобар беше Кајри Ирвинг со 32 поени, додека Џејсон Татум имаше 17 поени.

Кливленд со тешка мака стигна до победа против Чикаго од 115-112, со тоа прекинувајќи ја низата на Булси од седум едноподруго победи.

Леброн Џејмс предводеше до победата со 34 поени, дополнувајќи и со девет асистенции и шест скока. Одлична партија пружи Кевин Лав кој постигна 27 поени.

Интересно беше во „Велс Фарго центарот“ каде Торонто како гостин ја победи Филаделфија со 109-114. ДеРозан предводеше до победа со 45 поени, додека Ловри постигна 23 поени. Кај Филаделфија Симонс имаше 20 поени.

Јута на домашен терен славеше против Сан Антонио со 100-89, додека Феникс во драматичен натпревар беше подобар од Мемфис со 97-95.

Тони Даниелс ја донесе победата за Феникс со тројка на 17 секунди пред крајот. Најефикасен на мечот беше Ворен со 27 поени, Даниелс имаше 14 поени а Џексон – 13 поени. Еванс беше најдобар кај Мемфис со 23 поени.

Се вчитува...