Актуелиот шампион Партизан по поразот од Мега баскет, доживеа нова бламажа во АБА лигата откако вечерва изненадувачки на домашен терен загуби од Игокеа со 89-91 во меч од седмото коло.
Три четвртини гостите беа далеку подобар противник и во влезот на последниот период имаа голема предност од 57-76. Избраниците на Жељко Обрадовиќ конечно се разбудија во последниот период во кој до последната минута постигнаа 32 поени, а примија само 13 успеаја на 50 секунди до крајот да го израмната резултатот (89-89). Муди постигна два поени за водство на гостите на две секунди до крајот од 89-91. Партизан направи грешка во последниот напад, по што гостите стигнаа до сензационален триумф.
Деби на овој меч за Партизан имаше Бразилецот Кабокло кој одигра само три минути. Јеремиќ и Танасковиќ со седумнаесет поени беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Ледеј постигна 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА