Втора Лига: Шкупи, Баскет КАМ, Охрид и Водно Санс ја надминаа „стотката“

Во рамките на четвртото коло од Втората лига беа одиграни девет натпревари од двете групи во кои четири тима постигнаа повеќе од 100 поени, а четири тима останаа со перфектен учинок.

Во групата „Исток“ единствени со сто процентен учинок остануваат Борец Баскет и Ангели. Тимот од Велес славеше на гостувањето во Струмица со 69-73 во неизвесен натпревар каде мирната рака на гостинскиот состав од линијата за слободни фрлања ја донесе победата. Стојменов со 18 поени, Виларов со 14 поени и Брчков со 12 поени беа најефикасни кај велешани. Додека пак тимот од Скопје на домашен терен го совладаа тимот на Куманово 2 со 96-74. Убедлива победа од 61-110 забележа Шкупи на гостувањето против Ролинг 08, додека троцифрен број на поени постигна и Баскет КАМ кој на домашен терен славеше над Пробаскет со 110-56. Натпреварот помеѓу Феникс 2010 и МКК Куманово беше одложен.

Во групата „Запад“ по четири одиграни кола единствени непоразени останаа Чаир 2030 кој во „Шабан Трстена“ славеше во дерби дуелот против Хераклеа со 84-80, и Тетекст ТТК кој го доби дуелот со Риниа со 87-67. Партизан Водно Санс со разлика од 51 поен го доби дуелот против Мега Баскет (101-50), а уште поуспешен беше тимот на Охрид кој славеше на гостувањето против Спорт Тим со 45-110. Победа забележа и Пелистер Медика Карта кој го доби дуелот против Спарта со 95-91.

Се вчитува...