Втора Лига: Дербито во групата „Исток“ за Ангели, победа од 70 поени разлика за Водно Санс

Во третото коло од Втората лига беа одиграни девет натпревари во кои пет домаќини и четири гости стигнаа во нови победи. Единствениот одложен натпревар ова коло беше дуелот помеѓу Шкупи и МКК Куманово.

Дербито во групата „Исток“ помеѓу Ангели и Феникс 2010 замина во рацете на домашниот состав кој славеше со 69-65 во неизвесен натпревар проследен со неколку резултатски пресврти. Непоразен по три одиграни кола останува и Борец Баскет кој славеше над Кам Баскет со 79-70. Убедлива победа забележа и Пробаскет кој славеше над Роллинг 08 со 101-67, додека единствениот гостински триумф го забележа Струмица која славеше над Куманово 2 со 64-80.

Во групата „Запад“ победа од 70 разлика забележа Партизан Водно Санс кој славеше над Спорт Тим со 94-24. Непоразени по три одиграни натпревари остануваат и тимовите на Тетекс ТТК кој славеше со 61-71 над Мега Басект, Чаир 2030 кој славеше над Риниа со 66-80, како и Хераклеа кој го доби битолското дерби против Пелистер Медика карта со 82-77. На победа се радуваше и Охрид кој славеше на гостувањето против Спарта со 79-82.

Се вчитува...