ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница и Тиквеш продолжуваат со победничкиот од

Брегалница и Тиквеш ја продолжуваа битката за прволигашка промоција запишувајќи победи и во 15. коло од Втората лига – Исток.

Брегалница дојде до водство уште во првиот посериозен напад во 3. минута. Од левата страна одлично нафрли Николовски, а Додев на 12 метри мајсторски со волеј-удар прецизно стрела во долениот лев агол од голот на Кит Го.

Веќе во 5. минута Бошко Ступиќ имаше одлично можност за израмнување, но неуспешно. Сепак, низ продолжението од првиот дел целосна контрола на играта на „сините“. Откако Ацковски не искористи шанса за зголемување на предноста, тоа му успеа на Дарко Додев во 39. минута за 2-0.

Со головите на Христов, Мишов и Ѓорѓи Мојсов уште во првото полувреме, Тиквеш си ја обезбеди победата против Слога Виница која прва поведе со голот на Бујчевски уште во 2. минута. Во второто полувреме погоди и Здравевски за убедлива победа на кавадарчани.

Осогово триумфираше против Победа со головите на Стојанче Велинов во првото и Александар Недановски во второто полувреме.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (15. коло)
Брегалница – Кит Го 2-0
Тиквеш – Слога Виница 4-2
Осогово – Победа 2-0
Кожуф – Росоман 3-2
Плачковица – Каменица Саса 1-1

Се вчитува...