ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница триумфално на дербито во Гевгелија, хет-трик на Христов за победа на Тиквеш

Брегалница е единствената екипа во Втората лига – Исток со максимален ефект по првите три кола во Втората лига – Исток, откако во 3. коло триумфираше со 1-2 во дербито на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.

Штипјани поведоа уште во 5. минута на натпреварот со голот на Ристе Наумов, а домашните израмнија преку Кирил Стојков во 81. минута од дуелот. Но триумфот за Брегалница дојдоа со погодокот на Кудијан во 89. минута.

Тиквеш очекувано славеше со 0-3 на гостувањето против Осогово со хет-трикот на Симеон Христов.

Прв пораз во 3. коло доживеа и прилепска Победа која со 1-0 загуби на гостувањето од Каменица Саса. Победата за домашните ја донесе Филип Крстевски со голот во 80. минута од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО
Кожуф – Брегалница 1-1
Росоман – Кит Го 2-2
Осогово – Тиквеш 0-3
Каменица Саса – Победа 1-0
Плачковица – Слога Виница 0-1

Се вчитува...