ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Реми на дербито во Штип, Брегалница ја задржа бодовната предност пред Тиквеш

Брегалница и Тиквеш во дерби-пресметката од 14. коло во Втората лига – Исток ремизираа со идентични 1-1 како и на првиот меѓусебен натпревар сезонава. Штипјани на тој начин ја задржаа предноста од пет бода во однос на Тиквеш на врвот од табелата.

Брегалница во првото полувреме беше поквалитетна, во 18. минута првата одлична шанса – Наумов со глава извонредно проигра на втор дирек каде Бакрачески осамен, но за малку покрај голот на Тиквеш. Во 20. минута веќе и втора можност за „сините“, но Додев за малку непрецизен. Во 31. минута нова одлична шанса за Брегалница. Наумов повторно проигрува, а Кристијан Ацковски од само 7-8 метри шутира, но брани гостинскиот голман.

Доминацијата на Брегалница на теренот вроди со плод веднаш во второто полувреме, во 47. минута, кога по одличната акција на Додев и Бакрачески, Мартин Стојанов стрелаше за водство од 1-0.

Сепак, гостите брзо дојдоа до израмнување со прекрасниот гол на капитенот Ѓорѓи Мојсов во 53. минута.

Во 69. минута нова одлична шанса за составот на Марјан Секуловски, но по шутот на Ристе Наумов гостинскиот голман повторно брани. Во 74. минута и Тиквеш имаше одлична шанса, но гредата го спаси голот на Брегалница по ударот со глава на Гроздановски, за на крајот реални 1-1.

Кожуф со головите на Тодоров и Костадинов славеше со 1-2 на гостувањето против Победа во Прилеп, а Кит Го во Пехчево ремизираше без голови со составот на Каменица Саса.

Слога Виница запиша триумф од 3-0 со двата погодоци на Иван Митров и еден на Бујчевски против Осогово.

Плачковица победа на гостувањето против Росоман со 0-1, со голот на Јовица Радевски во 66. минута од натпреварот.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (14. коло)
Брегалница – Тиквеш 1-1
Кит Го – Каменица Саса 0-0
Победа – Кожуф 0-2
Росоман – Плачковица 0-1
Слога Виница – Осогово 3-0

Се вчитува...