ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш убедлив во Пехчево, Победа не успеа ја да „скрши“ Плачковица

Фудбалерите на Тиквеш запишаа убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Кит Го во Пехчево во 4. коло од Втората лига – Исток.

Кавадарчани до предност дојдоа со автоголот на офанзивецот на Кит Го, Бошко Ступиќ, во 28. минута, а во 35. минута со голот на Симеон Христов поведоа и со 0-2. Конечните 0-3 ги постави поранешниот македонски репрезентативец Шиков во 70. минута.

Победа не успеа да го скрши отпорот на Плачковица, ремизирајќи без голови, додека Росоман славеше со 3-2 против Каменица Саса.

Слога Виница ремизираше (1-1) против Кожуф благодарение на голот на Бојан Иванов во 49. минута откако гостите поведоа со погодокот на Зумровски во првото полувреме.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (4. коло)
Кит Го – Тиквеш 0-3
Слога Виница – Кожуф 1-1
Росоман – Каменица Саса 3-2
Победа – Плачковица 0-0
Брегалница – Осогово (19 ч.)

Се вчитува...