ВТОРА ЛИГА: Караорман ја победи Слога Виница

Во последниот натпревар од 17. коло во Втората македонска фудбалска лига, Караорман славеше на домашен терен со 2-0 против Слога Виница.

Стружани постигнаа погодок уште во 2. минута преку Игор Клечкароски за водство во првото полувреме, а потоа во самиот финиш, Давид Јошески во 90. минута ги постави конечните 2-0.

Се вчитува...