Втора Лига: Убедлива победа на Борец, дербито во групата „Исток“ за Феникс 2010

Интересни натпревари беа одиграни во рамките од второто коло во Втората лига, при што победи забележаа голем дел од гостинските екипи.

Во групата „Запад“ беа одиграни четири од предвидените пет натпревари во кои победи забележаа Спарта која славеше на гостувањето против Спорт Тим со 69-76, Хераклеа кој го доби гостувањето во Охрид против истоимениот тим со 60-64, додека пак Пелистер Медика карта го одбрани домашниот терен и славеше над Риниа со 86-83 во неизвесна завршница. На домашна победа се радуваше и Чаир 2030 кој славеше над Мега Баскет со 88-70. Одложен беше натпреварот помеѓу Тетекс ТТК и Партизан Водно Санс поради позитивни случаи во гостинскиот тим.

Убедлива победа во гости ??

Големата разлика беше навестена уште на полувреме, кога веќе имавме 30 поени предност…

Posted by KK Borec Basket Veles on Saturday, November 14, 2020

Во групата „Исток“ Феникс 2010 ја потврди фаворитската улога и славеше на дерби-дуелот со Шкупи со 72-68, Борец Баскет го совлада Ролинг 08 со +52 (52-104), додека Ангели славеа на гостувањето против Струмица со 46-67. Од оваа група одложени беа натпреварите помеѓу МКК Куманово и Порбаскет, односно Баскет КАМ и Куманово 2.

Се вчитува...