ВТОРА ЛИГА: Вардар не успеа да слави со Беласица па Гостивар останува на врвот, Пелистер го победи Тетекс со 11-0!

Вардар не успеа да триумфира против Беласица во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига, ремизирајќи 1-1 во Скопје, па со тоа пропушти да се врати на врвот од табелата во второлигашката конкуренција оставајќи го лидерското место на Гостивар.

Црвено-црните поведа со голот на Кире Маркоски во 73. минута, но гостите израмнија преку Гугуљанов во 82. минута од натпреварот за конечни 1-1.

Неверојатен дуел во Битола, во кој Пелистер славеше со 11-0 против Тетекс, иако уште пред натпреварот беше добро познато дека Пелистер е голем фаворит против отпишаниот Тетекс.

Но, и покрај фаворитската улога, малкумина очекуваа битолчани по само едно полувреме да имаат предност од 7-0 против Тетекс. По само 22 минути игра веќе беше 5-0 за Пелистер, за да потоа се заокружи веќе и до 7-0 до 40. минута од играта. Хет-трик досега запиша Борче Маневски, а по еден гол постигнаа Китановски, Драгарски, Мустафов и Стефановски, за да во вториот дел следат уште четири погодоци на Наумовски, Фазлију, Трајковски и Бобан Здравевски.

Драматичен меч одиграа Караорман и Локомотива Пехчево во Струга кој заврши без победник 1-1, но во последната минута нејасно беше поништен погодок на домашните за победа од 2-1.

ВТОРА ЛИГА – 12. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 1-1

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТЕТЕКС 11-0

Струга: КАРАРОМАН – ЛОКОМОТИВА ПЕХЧЕВО 1-1

Радовиш: ДЕТОНИТ – БЕСА 3-0

Велес: БОРЕЦ – КАМЕНИЦА САСА 0-3

Гевгелија: КОЖУФ – СЛОГА ВИНИЦА 2-0

ВЧЕРА

Охрид: ОХРИД – ГОСТИВАР 1-2

Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА 1-2

Се вчитува...