ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар подобар од Дрита, Скопје го доби Тетекс

ФК Скопје успеа да го добие дербито против Тетекс на „Железарница“ со 1-0 и го чува првото место на табелата во Втората лига Запад. Стрелец на голот за Скопје беше Мустафа Јусуф во 20. минута од средбата.

Гостивар со пресврт успеа да стигне до 1-3 на гостувањето кај Дрита и одржува чекор со Скопје на првенствената табела иако доцни два бода. Дрита поведе преку Еројон Хуредини во 56. минута, но израмни Хакан Лимани две минути подоцна. Генц Гаши донесе предност за гостиварци, а конечниот епилог го постави Христијан Кировски.

Кадино го совлада Вардар Форино со 0-4, а Велешта и Кораби ремизираа 1-1. Велазерими и Охрид одиграа без голови.

Се вчитува...