ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Кировски и Настевски за триумф на Гостивар со Тетекс

Гостивар дојде до првата победа во новата сезона од Втората лига – Запад славејќи во првиот натпревар од 2. коло на гостувањето против Тетекс со 1-3.

По израмнетото прво полувреме кое заврши 1-1, гостиварци до триумфот дојдоа со двата погодоци на Христијан Кировски во вториот дел. Стрелец на првиот гол за Гостивар беше Иван Настевски. Стрелец за Тетекс беше Љавдрим Скендери уште во 3. минута од средбата.

Утре се играат останатите четири натпревари од 2. коло во Втората лига – Запад: Кораби – Велазерими, Вардар Форино – Скопје, Охрид – Велешта и Кадино – Дрита.

Се вчитува...