ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Кораби реди победи, Охрид вистинско изненадување на стартот од сезоната

Фудбалерите на Кораби се единствените со две победи на стартот од новата сезона во Втората лига – Запад. Кораби триумфираа и во 2. коло од првенството овој пат на домашен терен против Велазерими со 2-1.

Вистинско изненадување во почетните две кола се фудбалерите на Охрид кои денеска славеа на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ со 2-1 против Велешта.

Победа од 2-1 запиша и Кадино против Дрита, а во „голеадата“ во Форино, Скопје ремизираше (3-3) на гостувањето против Вардар.

РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Кораб – Велазерими 2-1
Кадино – Дрита 2-1
Охрид – Велешта 2-1
Вардар Форино – Скопје 3-3
ВЧЕРА
Тетекс – Гостивар 1-3

Се вчитува...