ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Охриѓани го преживеаја Гостивар

Гостивар е можеби најголемиот фаворит за пласман во прволигашка конкуренција, но не го покажа тоа на теренот резултатски на стартот од Првата лига Запад. Гостиварци ремизираа без голови против Охрид, кој минатата сезона беше при долниот дел од табелата.

Охриѓани одиграа одличен натпревар целосно неутрализирајќи го фаворизираниот противник. Гостивар не успеа да создаде ниту една посериозна шанса за триумф против расположениот Охрид.

Скопје беше убедлив против Велазерими и славеше со 4-2. Велешта со 1-0 го доби дуелот со Кадино, а Дрита и Вардар Форино ремизираа 1-1. Утре се игра натпреварот меѓу Тетекс и Кораб.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – 1.КОЛО
ДРИТА – ВАРДАР ФОРИНО 1-1
СКОПЈЕ – ВЕЛАЗЕРИМИ 4-2
ГОСТИВАР – ОХРИД 0-0
ВЕЛЕШТА – КАДИНО 1-0
ТЕТЕКС – КОРАБ УТРЕ

Се вчитува...